Adel

По повеќе од пет години, британската пејачка Adele е на насловните на Vogue, на британско и на американско издание. Воедно е објавено и нејзиното мега интервју. Со видно поинаква линија, со поинакви ставови и во поинаква животна состојба,  Adelе зборува за својот најнов албум и објаснува дека го снимила, меѓу другото и за еден ден нејзиниот син да разбере зошто се развела од неговиот татко.

33-годишната поп-sвезда посочува дека нејзиниот четврти албум е наречен „30“, според годините во кои се омажила за нејзиниот долгогодишен партнер Симон Конецки, и кого го оставила набргу потоа… „Едноставно, повеќе не ми одговараше. Не сакав да завршам како многу други луѓе што ги познавам. Ништо лошо не се случи… Никој од нас не направи ништо лошо и никој не го повреди другиот “, изјавила таа.

Сега Adele редовно вежба, го истакнува постигнатото и преку облеката на врвните дизајнери, како Louis Vuitton,  Valentino или Dolce & Gabbana, што сега ги облекува свесна за тоа како во нив изгледа. /M.M.

Adel – Valentino

Adel – Balensiaga

Adel Gucci blazer. Ralph Lauren Collection shirt. Cartier watch.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.