„Мистеријата на љубовта е поголема од мистеријата на смртта.“ Оскар Вајлд
Модниот дизајнер Димитар Бабков кој креира под името Son of Salome ја претстави „Единаесетиот ден“ – својата најнова колекција која, како што стои во соопштението, ја претставува состојбата на умот, во која се доживуваат различните видови на љубов и борбата што ја имаме со самите себе. За колекцијата е подготвена и фотосесија, направена од Антонио Станков, а позира манекенката Викторија Ристовска од „Моделс ин“.
Целата фотосесија може да се погледне на следниов линк: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=sonofsalome&set=a.462012149276350 .
За инспирацијата и изгледот на колекцијата, дизајнерот ги напиша следниве размисли: Земјата ја погледна планетата Теа и страсно се вљуби во неа. Оваа фузија ја остави земјата во прашина. Но кристалот од таа љубов ја роди Месечината.
Една од најграндиозните и возвишени емоции. Возвишена како небесните ангели, апстрактна како универзумот и – пеколно болна.
Колекцијата ја претставува состојбата на умот во која се доживуваат различните видови на љубов и борбата што ја имаме со самите себе. Секој од деветте (9) изгледи раскажува различна емоција што љубовта ја носи. Колекцијата е направена од материјали со апстрактни принтови што го претставуваат универзумот и бесконечноста на љубовта.
Ќе забележите и рачно изработени органски форми, текстури и фустани.
Модните додатоци се направени од метал за да потсетуваат на чувството на гушење и отпорност што може да наликува на отсјајот на Месечината (симбол на надежта).
11 – две бројки исправени како силуети кои како навидум да припаѓаат заемно но тоа не значи дека делат исти чувства една за друга, или, за себеси.
Ако ги разделите ќе забележите нов почеток, нов свет, нова емоција.Првиот ден.
Фотографија: Антонио Станков/ Модел: Викторија Ристовска (Моделс Ин)/ Фризура: Social hair salon/ Шминка: Сим Салтирова/ Благодарност до: Занов Мите & Тони Петрушевски