Во Анталија, Турција се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021 на кој нашата претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички.
Ева е од Тетово, има 17 години и е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина.
Ева Јовановска имаше и забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка.
На финалето нашата Ева носеше модели кои специјално за оваа пригода за неа ги изработи студиото Краљевски.
Изборот Мис на Евроазија 2021 се одржа во прекрасниот хотел Спајс во Белек, Анталија, каде што 40-те финалистки на Мис Евроазија 2021 претстојуваа 10 дена.
Мики Црнокрак