Bobe's bakery

Смоквите се вкусно и хранливо, нискокалорично овошје, корисно и здраво за јадење во овие есенски месеци. Секако дека нема ништо поубаво од свежо овошје, но треба да се зачува и за останатите месеци во годината, а тука е ненадминлив домашниот џем од смокви.

Ќе биде вистински деликатес, а и додаток на бројни слатки и колачи.

Потребни состојки:

  • 3 кг зрели смокви,
  • килограм шеќер,
  • сок од лимон,
  • мала лажица цимет,
  • две лажици рум.

Bobe’s bakery

Излупените и исечкани на четвртинки смокви се редат во длабоко тенџере. Се додаваат шеќерот и сокот од лимон. Се вари триесетина минути. Се додаваат румот и циметот. Се продолжува со варењето уште десетина минути. Топлиот џем се полни во топли тегли.

Останува само да уживате во преубавиот вкус на џемот од смокви!/Б.Б.

You may also like

Comments are closed.