Во пресрет на празниците Carolina Herrera ги претстави Good Girl и Bad Boy Gold Fantasy, во соодветна позлатена композиција.

На супермоделот Karlie Kloss, која совршено ја персонифицираше Good Girl „добрата девојка“ , од лансирањето во 2016 година, во Gold Fantasy ѝ се придружи колегата Bad Boy – Josh Upshaw, кој за модната куќа Herrera работи од оваа година.


Парфемите Good Girl и Bad Boy отсекогаш претставувале свет на контрасти.


Со својата контрастна мешавина на состојки кои истовремено се и слатки и сензуални, Good Girl ја претставува женственоста, од нежност до сила. Внатрешниот сјај на добрата девојка е претставен како парфимиран израз на сјајот, додека лошото момче се изразува како чуствително и силно, истакнуваат од Carolina Herrera во преставувањето на пригодната златна фантазија на доброто девојче и лошото момче./М.М.

You may also like

Comments are closed.