За деновите на италијански дизајн во Скопје Амбасадата на Република Италија и ИТА – Italian Trade Agency, организираат повеќе настани со кои се промовиира уникатноста и врвниот квалитет на италијанскиот дизјан. Темата на годинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: “Квалитет што инспирира -енергијата на дизајност, за луѓето и околината“
Деновите на Италијанскиот Дизајн во Скопје ќе започнат на деветти март, во Ист Гејт Мол, со модна ревија на најновите колекции на италијанските брендови ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, и KIKO MILANO, со која, едновремено, ќе се отвори 26-то издание на Fashion Weekend Skopje!
Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизјанот, кои ќе имаат можностлично да ја почувстуваат возбудата на гламурот наиталијанските модни писти.
На 10 март, на Машинскиот Факултет во Скопје, еден од најпознатите италијански дизјанери, Арслан Додо, ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн и неговите дела. Арслан Додо е прогласен за Амбасадор на италијанскиот дизајн од Министерството за надворешни работи на Италија и е еден од најдобрите 90 дизајнери во светот. Добитник е на наградата Young & Design Prize, и Mini Design Awards. Арслан Додо е и предавач на повеќе универзитети.
Настанот е од отворен тип и бесплатен, а заинтересираните учесници можат да се пријават директно на Машинскиот Факултет во Скопје.
ИТА – Italian Trade Agency