Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2024 на кој нашата држава имаше две претставнички, 20 годишната Ева Јовановска од Тетово и Каролина Јанчовска, 21 година, од Скопје. Од Либан двете се враќаат со титули: Ева ја освои титулата четврта придружничка, а Каролина – титулата Miss Elegance.


Ева Јовановска и Каролина Јанчовска се дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој избор што традиционално се одржува во Бејрут, во организација на Style Events Organization.
Победничка, односно новата Мис на Европа е претставничката на Русија, прва придружничка е Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои Украинката.
Нашите девојки на финалето се претставија во модели на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.

You may also like

Comments are closed.