Страста на актерот Jason Momoa по Harley-Davidson моторите летово резултира со втора H-D X Jason Momoa колекција на облека и опрема за моторџиите и на оние кои ги сакаат нивните симболи. Новото издание, според пишувањето на порталот, му оддава почит на Jason’s Aloha и на Knucklehead моторот. Колекцијата е со ограничено издание и има за цел да ја претстави изработката и наследството што ги спојува иконските симболи на Harley-Davidson со љубовта на Jason кон дезените и боите во духот на Aloha.

Колекцијата се состои од вкупно 29 предмети, а нејзиното официјално име е Harley-Davidson Museum x Jason Momoa 2022 и е инспирирана од познатиот актер.
Содржи маици, кошули, панталони и неколку кожени јакни со ракави со црно-бели пруги – знак на тркачкиот изглед на тимот на Harley’s Wrecking Crew./М.М.
Колекцијата и промотивниот филм можат да се видат на следниов линк:
https://www.harley-davidson.com/us/en/shop/c/h-d-x-jason-momoa?format=json;i=1;locale=en_US;q1=mens-motorcycle-clothes;q2=h-d-x-jason-momoa;sp_cs=UTF-8;x1=primaryCategoryCode;x2=superCategoryCodes

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.