Името на Penélope Cruz е синоним за Chanel: таа од 1999 година на црвениот тепих, како и на други официјални настани, се појавува исклучиво во моделите на луксузната модна куќа. За првата вечер на 78 -от филмски фестивал во Венеција, за премиерата на нејзиниот филм „Parallel Mothers, во режија на Pedro Almodóvar, актерката одбра да се појави во Chanel фустан од колекцијата есен/зима 2021 година.
Потребни се околу 300 часа за да се создаде фустанот, дизајниран од црно микадо со екрус свилен лак, украсен со брановидни ливчиња, истакнуваат од Chanel. „Се заљубив во тој фустан кога го видов на модната писта“, вели актерката. „Ја сакам целата колекција на висока мода, беше брилијантна, но тој фустан беше мојот омилен изглед. Ова е многу важен филм за мене, затоа ми требаше специјален фустан“.
Претходно Cruz ги воодушеви медиумите во Венеција во дневен Chanel дизајн: го стилизира своето бело мини здолниште, со син Chanel кардиган./М.М.