(Скопје, 19.03.2021) – Жито Лукс лансира два нови вкуса двопек, Пченичен со сусам и просо и Пченичен со сусам. Направени според традиционален рецепт и со внимателно избрани состојки со висок квалитет, двата вида двопек се одликуваат со препознатлив, неодолив вкус и мирис.
Новите двопеци од Жито Лукс овозможуваат вистинско уживање во магијата на крцкавото лепче. Новите два вкуса им нудат на потрошувачите одличен избор за совршена балансирана исхрана, погодни за брзи, лесни и здрави оброци и претставуваат идеален избор за секој период од денот.
Достапни се во две внатрешни практични пакувања со по седум парчиња што овозможуваат двопекот да се консумира постојано свеж. Пченичниот двопек со сусам и просо и Пченичен со сусам од Жито Лукс се веќе во малопродажната мрежа.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.