Обидете се да користите различен вид сапун. Ново истражување, објавено во списанието iScience, ја анализира интеракцијата помеѓу мирисот на сапун, уникатниот профил на мирис на телото и привлечноста за комарците. Истражувачите велат дека сапуните со мирис на кокос се меѓу најефикасните во одбивањето на комарците. Дополнително ќе се истражува и зошто комарците ги привлекуваат одредените хемикалии во сапунот.

Со топлото и влажно време доаѓаат и комарците, со сите непријатности од каснувањата и можните алергиски и други несакани реакции.
Истражувачите од Политехничкиот институт Вирџинија и Државниот универзитет во САД спроведоа студија за уникатни профили на мирис кај луѓето, заедно со различни сапуни, за да ги утврдат мирисите кои ги привлекуваат комарците и оние од кои тие се одбиваат.


Иако не постои магичен лек против каснување од комарец, експертите велат дека податоците даваат убедлива причина да се промени сапунот што се користи. Голем бројот на варијабли влијаат некоја личност повеќе или помалку да биде привлечна за комарците, вклучувајќи јаглерод диоксид во здивот, испарливи материи произведени од метаболизмот или микробиота на кожата.
Иако многу од овие фактори не можат да се контролираат, во истражувањето е проучуван еден што може да се промени – мирисот на сапун што се употребува.
Бидејќи комарците користат испарливи растенија за да најдат нектар, додавањето мирис – особено кога многу мириси се на растителна основа или мирис на цвеќе – има значително влијание врз привлечноста на една личност за комарците.
Истражувањето покажа дека миризливите сапуни навистина имаат ефект, но тоа не е пристап кој одговара на сите. Имено, додадениот мирис се меша со уникатниот профил на мирис на една личност, така што различни луѓе ќе бидат со различни резултати, дури и ако користат исти мириси.
Каков сапун треба да користите за да ги обесхрабрите комарците?
Се чини дека сапуните со мирис на кокос се едни од најодбивните за комарците. Хемикалиите добиени од кокос имаат тенденција да ги одвраќаат инсектите који се хранат со крв.


Секако, освен избор на сапун, се препорачуваат и конвенционални средства за заштита од комарци. Имено, комерцијалните формулации на сапуни неможат да заменат ефикасна конвенционална заштита.
Истражувањето објавено во списанието iScience, пренесено од порталот Medical News Today, донесува најнови сознанија и препораки за одбегнување на комарците.
Тие се своевиден одговор на зголемениот интерес на производителите на сапуни за создавање производ што ќе ги растерува комарците. Некои од нив се со мирис на лимун, потоа со кокос, или, рузмарин, који ветуваат поголема заштита./M.M.

You may also like

Comments are closed.