На Интернационалната вечер на претстојното, 30-то издание на „Охрид фест“ со песната „Мирно“ на Душан Бачиќ и Дејан Николиќ, ќе настапат Гоца Тржан и Стефан Здравковиќ- Принц.
Гоца Тржан на “Охрид фест“ доаѓа по втор пат: – по гостувањето во раните деведесети. Уште од многу одамна Охрид ми остана во срцето, вели таа, но немав прилика често да го посетувам. Ама ете, кога слушнав дека постои можност, веднаш се одлучив да дојдам. Инаку, ја обожавам Македонија, уживање ми е дружењето со колегите на фестивали и едвај чекам „Мирно“ да ја претставиме на македонската публика. Искрено се надевам дека настапот на „Охрид фест“ само ќе ја зајакне мојата љубов со Македонија.
Учество на 30- то, јубилејно издание на „Охрид фест“ за Принц е деби на овој Фестивал. Да си дел од престижен настан со големи уметници е вистинска чест и прилика која не е честа, вели тој. Дадо Топиќ, Неда Украден, Срѓан Марјановиќ.., се извонредни музичари и да си во нивното друшто, на иста сцена, за мене е голема инспирација. Се чувствувам привилегирано што ќе бидам дел од фестивалот кој ја слави музиката и уметноста, и се надевам дека ќе и донесеме радост на публиката, истакнува Принц. Македонија има богата музичка традиција и љубов кон уметноста, а тоа посебно се чувствува на фестивалите./М.М.