Нашиот интернационален модел Горјана Кулишевска, или Џоја, како што ја нарекуваат странските модни агенции, неодамна го работеше летниот моден едиторијал за српското издание на модниот магазин Marie Claire.
Модниот едиторијал наречен Heatwave е работен на повеќе локации, со огромниот креативен тим на магазинот.
Кулишевска е веќе долги години под договор со Јелена Ивановиќ и нејзината модна агенција, па токму затоа, по нејзиниот престој во Милано и во Париз, работеше на многу модни кампањи на врвни дизајнерски брендови како: Alexander McQeen и MOSCHINO .
Нејзините совршени пропорции и егзотичната убавина со право ја пласираа во една од најдобрите светски агенции NEXT Management . Останува како една од ретките наши интернационални модели кои го заслужија своето место во свестскиот моделинг. Во Македонија е застапувана од агенцијата Моделс ИН Менаџмент која пак се грижи за нејзината кариера и ги следи сите нејзини модни успеси.
Моделс ИН Менаџмент