
Atelier Victoria’s Secret x Altuzarra, наменета за претстојната пролет е колекција која ги комбинира вештините на дизајнерот Joseph Altuzarra со наследството на Victoria’s Secret, за да понуди облека која ја карактеризираат сила, софистицираност и дискретен шарм.
Колекцијата содржи 11 готови парчиња, а меѓу основните се: блејзер, кошула, панталони и долг вечерен фустан, инспирирани од “интимниот јазик на долната облека”.
Друг момент е slip фустан, дизајниран како деконструирана ода на долната облека од 1930-тите, со силуета на аголен крој, украсена со редови мали ткаени копчиња и деликатни ремени за долна облека.
Коментирајќи ја новата соработка Altuzarra изјави: „Возбуден сум што ја откривам првата капсулна колекција за Atelier Victoria’s Secret x Altuzarra. Сакав да ја донесам мојата дизајнерска перспектива во бренд познат по славењето на женственоста и на сензуалноста. Колекцијата ја одразува вештината и вниманието на детали кои се во фокусот на моето работење. Бев насочен кон неформални и сензуални парчиња, во кои ги вметнував суптилните елементи на класичните стилови, но секогаш со некаков пресврт.”
Од Victoria’s Secret изјавија дека Atelier Victoria’s Secret x Altuzarra претставува спојување на експертизата на Victoria’s Secret во долната облека со познатите стилови на Altuzarra, што овозможува да се понуди комплетно искуство на облека обележана со гламурозност и софистицираност како никогаш порано.
Atelier Victoria’s Secret x Altuzarra е веќе достапна во одбрани продавници и тоа во големини од XS до XL. Оваа, прва колекција ќе биде проследена со повеќе нови кои, според Victoria’s Secret, ќе бидат претставувани во текот на годината.
Со цел да ја одбележи соработката, од Victoria’s Secret се ангажирани фотографот Lachlan Bailey и модниот директор и стилист Emmanuelle Alt за рекламна кампањата во која се вклучени врвни модели како што се Blésnya Minher, Devyn Garcia, Imaan Hammam и Paula Soares./M.M.