Кога е во прашање модниот дизајн, оваа година дефинитивно му припаѓа на Daniel Roseberry, креативниот директор на модната куќа Schiaparelli. На почетокот на годината ја доби престижната Neiman Marcus награда, за креативен импакт во доменот на модата, а сега му е врачена и наградата на International Designer за 2024 година на CFDA, за значаен придонес во модната индустрија.
Daniel Roseberry ја прими наградата на Интернационален дизајнер на годината, на CFDA 2024, на пригодна свеченост одржана во American Museum of Natural History, во Њујорк. CFDA (The Council of Fashion Designers of America), е непрофитна трговска асоцијација во која членуваат голем број модни дизајнери.
Во своето обраќање Roseberry се наврати на сето она што му претходело на остварувањето на неговите соништа, мислејќи на преселбата во Париз и напуштањето на своето опкружување. Имено, Daniel Roseberry е американски моден дизајнер, родум од Тексас, кој стана познат откако стана couturier и застана на челото на италијанскиот моден бренд Schiaparelli, во 2019 година.
Работата на Roseberry во Schiaparelli остави силен впечаток во модната индустрија со смелите, иновативни дизајни, во кои умешно се комбинирани европската традиционална изработка со современата дизајнерска креативна визија. Неговата способност да допре до сосема нова целна група клиенти, како што спомна во неодамнешниот подкаст, сугерира квалитетна промена на модното миље на Њујорк кон покултурно ангажирана публика. Оваа еволуција го истакнува неговото значајно влијание во индустријата, што го прави заслужен добитник на наградата.
Меѓу годинешните добитници на признанијата на CFDA за различни домени во модната индустрија се и Rachel Scott, Willy Chavarria и Henry Zankov.
Schiaparelli е бренд за висока мода, создадена од авангардната италијанска модна дизајнерка Elsa Schiaparelli, во 1927 година. Откако во 2007-та година е купена од Diego Dela Vale, модната куќа создава колекции на восока мода, како и облека подготвена за носење. Schiaparelli е позната по своите ексцентрични модни дизајни, како и вградување на надреализam во колекциите./М.М
More in:Дизајнери
The new moon – Тринаесеттиот ден на Димитар Бабков
Модниот дизајнер Димитар Бабков ја претстави својата најнова колекција The new moon-Тринаесеттиот ден, наменета за ...
“Ars Naturae”, нова колекција на Роберт Ивановски
Новата колекција на Роберт Ивановски – “Ars Naturae”, наменета за пролет-лето 2025, е инспирирана од ...
Во пресрет на јубилеите на Giorgio Armani
Кога на 11 септември ќе го прослави својот 90. роденден, легендарниот италијански дизајнер Giorgio Armani ...
Модната Бесконечност/Infinity на Анастасија Зулевска
„Бесконечност“/Infinity – колекциите со кои креаторката Анастасија Зулевска се претстави пред битолската публика, се спој ...
Христијан Младеновски за својата најнова колекција Црна Лирика (Black Lyric)
Целта на колекцијата е да ги вкрсти традиционалните и паганските мотиви. Настојува да ги инспирира ...
Shaleva отвора поп-ап продавница во Париз
Shaleva, дизајнерскиот бренд што нуди модерни, тренди и уникатни креации, на 20 овој месец отвора ...
Сокот се пие, шишето се јаде!
Дизајнерското студио Tomorrow Machine создаде биоразградливо шише за сок, направено врз база на скроб, што ...
Марков: дизајнирањето облека му дава смисла на мојот свет
По студиите по архитектура и магистрирањето, Марков две години своето технички знаење го надополнува во ...
Monobrow: Модна приказна инспирирана од Фрида Кало
На сајтот на MONOBROW, внимание привлекува преставувањето на брендот и инспирацијата за создавањето – безвременска ...
Роберт Ивановски со нова Колекција Х
Десетте дизајнерски години и исто толку ревии, Роберт Ивановски ги одбележува со колекција симболично насловена ...
Дејан Сидороски: за сонот и ‘титулата’ дизајнер
Сонот се остварува доколу го имаш, јас го создавам да биде реалност со мојот бренд ...