„Can you feel the light?“ e слоганот под кој на десетти ноември ќе започне втората сезона на Skopje Fashion Festival во трговскиот центар Skopje City Mall.

Модниот фестивал, претставува манифестација наменета за љубителите на дизајнот, културата и уметноста. Домаќин и партнер во реализацијата е повторно трговскиот центар Скопје Сити Мол, кадешто во рамките на програмата, посетителите ќе имаат можност да ги видат последните модни колекции на дизајнерите од земјата и од странство, на престижните школи, како и на македонските и на интернационалните брендови. Модните ревии се закажани на 10, 11 и 12 ноември, од 18 до 22 часот.


Заштитнo лицe на втората сезона e Миа Жиро, на која ѝ беше доверена главната улога во најавното видео за фестивалот, снимено под режисерска палка на Ангела Стојковска. Миа Жиро е модел во модната агенција ZOA./М.М.

Skopje Fashion Festival is an offbeat celebration of fashion, arts, design, ideas, and creative endeavors for everyone to enjoy. The Festival presents a whole month of world-class runways and shopping events, featuring established and emerging labels from our country and abroad, commercial pop-up stores and alternative display showrooms, arts and multimedia exhibitions, independent movies and music, styling and beauty workshops, live entertainment and much morе.

You may also like

Comments are closed.