На 18 декември (сабота), со почеток во 13 часот, во Музејот на современата уметност — Скопје се отвора меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко”. Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Ќе бидат изложени дела од 11 интернационално признати уметници: Францис Алис (Белгија), Марва Арсаниос (САД), Шерон Хејс (САД), Артур Џафа (САД), Хива К (Ирак), Јонас Стаал (Холандија), Ву Цанг (САД), Дардан Жегрова (Косово), како и македонските уметници Кристина Божурска, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) и Игор Тошевски.
Изложбената поставка се состои од 13 дела во различни медиуми, инсталации и видео дела.
Од меѓународните уметници, во Скопје пристигнуваат познатиот уметник од Ирак, Хива К, кој ќе присуствува на отворањето на изложбата и уметникот Дардан Жегрова од Косово.

Уметникот Јонас Стаал од Холандија ќе го подари своето дело на Музејот и со тоа ќе ја збогати вредната уметничка колекција на МСУ. https://www.youtube.com/watch?v=IIHELfrWs7A
Главната цел на изложбата е да понуди уметничко толкување на радикално левичарските политики и практики кои го опфаќаат концептот на сознание на различноста и солидарноста на локално и глобално ниво, истражено и презентирано преку уметничка акција.
Дизајнот за визуелно решение го направи уметницата Неда Фирфова. Изложбата ќе биде отворена до 31 март 2022 година и се реализира со поддршка од Министерството за култура на Р.С. Македонија, ЕВН Македонија и Тиквеш.
Отворањето ќе се релизира според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.