Групацијата „Фешн груп” за промоција на новите колекции годинава за модели ги одбра токму лицата во сенка, кои се двигатели на брендовите и компанијата заедно со целиот тим. Со уникатни фотографии ја претставија новата кампања насловена “Фешн груп: Во мојот моден свет”.
Во организација на маркетинг тимот на групацијата, изборот на локациите за самиот едиторијал е на урбаната страна на градот. Македонска пошта, Железничка станица и Кале кадешто тимот на „Фешн груп” ги прикажа најхрабрите и колоритни комбинации за оваа сезона.

Токму тоа е и пораката што тие ја испраќаат: дека оваа есен имате право да експериментирате и да го облечете вашиот омилен дуксер во неон жолта боја или, можеби, црвено палто кое ќе ве одвои од толпата. За оние, најхрабрите, неизбежни се панталоните во златна металик боја.

Позади секое „парче“ во едиторијалот е приказната „Во мојот моден свет“, a мотото на тимот на компанијата е дека токму гардеробата која секојдневно ја носиме ја прикажува нашата индивидуалност, но ние и ја даваме вредноста.

„Есента со себе секогаш ги носи најурбаните слоевити комбинации па затоа овој пат заборавете на здодевните монохроматски парчиња и осврнете се на сите ултра модерни парчиња од нашите колекции есен-зима 22. „Фешн груп“ е една од најголемите регионални компании чие портфолио вклучува некои од најголемите светски реномирани брендови како Boss, Hugo, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Levis, Okaidi, Superdry, Timberland, Replay и други“, велат од менаџментот.

Тимот на „Фешн груп“ во улога на модели за новата колекција, е идеја која чекала во фиоките на групацијата уште од минатата сезона. Маркетинг тимот на „Фешн груп“ секогаш поаѓа од новите трендови, но секогаш се труди да се осврне на темелот на самата групација и она што произлегува како резултат на неуморното долгогодишно работење и креативноста која ја има секој поединец кој е инволвиран во било кој сегмент од работењето.
Секоја нова сезона е за нас нов предизвик, се вели во соопштението на „Фешн груп“. Со оваа сакавме да ја раскажеме нашата приказна во модниот свет на „Фешн груп“. Новите колекции пак совршено ја отсликаа онаа индивидуалност која секој од нас ја поседува. Ова е уште еден начин компанијата да им оддаде почит на своите вработени, сосема заслужни за нејзиниот успех, ставајќи на пиедестал дел од уникатните таленти кои ја претставуваат „Фешн Груп“ заедницата.

Благодарност до целиот тим во кампањата: Александар Трпушевски, специјалист за корисничка поддршка, Алмир Ибраим Вижуал Мерчендајзер во Fashion&Friends, Анастасија Стојановска асистент во продажба во Geox, Андреј Милуновиќ асистент во продажба во Dan John, Бајрам Сејфула асистент во продажба во SuperDry, Габриела Момировска бренд менаџер на Women’secret, Ѓурѓица Павловска бренд менаџер на HUGO, Глигорије Глигоров асистент во продажба во Fashion&Friends, Јелена Вујошевиќ бренд менаџер на Kiko Milano, Јовица Даскаловски Вижуал Мерчендајзер во Mango, Кристина Момировска асистент во продажба во Parfois, Михаела Богоеска Вижуал Мерчендајзер во Guess, Моника Младеновска асистент во продажба во BOSS, Наде Андова асистент во продажба во Levi’s, Симона Спасовска асистент во продажба во Replay, Теодора Јаневска бренд менаџер на Springfield, Виолета Мешковска асистент во продажба во Okaidi, Зоран Костадиновски бренд менаџер на Aristoteli Bitsiani, Али Аручи асистент store menager во Guess, Аполонија Антиќ супервизор.
Фешн Груп

 

 

 

You may also like

Comments are closed.