Exquisite Dynasty, најновата колекција на ZuhairMurad ја отелотворува слободата на азурните, златни денови на француската ривиера, како и копнежот по тоа и такво време.

Замоците од времето на Belle-Epoque на француската ривиера и лежерната елеганција на новата генерација наследнички се инспирацијата на либанскиот дизајнер Zuhair Murad во создавањето на неговата пролетно летна колекција за 2023 година. Според белешките на дизајнерот, креациите ја доловуваат слободата на нивните азурни,златни денови, исполнети со смеа, тајни и сензуалност. Ноќите ја завршуваат оваа слатка радост со природна префинетост на преставеното.

На улиците на најмитскиот залив во светот, поминуваат млади жени на веспи, велосипеди или во кабриолетавтомобили , во летни комплети и со коси во големи свилени марами, или, оставени слободно да лебдеат на ветрот. Како што се приближува вечерта, младите жени се подготвуваат да го прослават зајдисонцето во пастелните будоари.

Во негуваната градина, тивка музика го придружува сампракот и доаѓањето на ноќта, додека лесната смеа и тивките разговори го исполнуваат воздухот. Се служат коктели, а розовата светлина ги истакнува деталите за долгите фустани за кои некој би помислил дека се позајмени од будоарот на младоста на некоја роднина, како некаков остаток од ноќниот живот на едно минато време.

Моделите на скапоцениот вез во колекцијата се инспирирани од Belle Époque, од материјалите доминираат:тул, шифон, тафта, сатен и шифон, во бои на нежно розова, светло розова, пламено портокалова, бледо зелена, карипско сина, или, бледо жолта.

Духот на громогласните дваесетти, који влијаеја на модата во 1970-тите ,се враќаат и во оваа колекцијата на Zuhair Murad од 2023 година, го нагласува копнежот да се продолжи животот каков што беше пред ковид пандемијата и другите кризи, притоа задржувајќи го само неопходното, есенцијалното./М.М.

Представувањето на колекцијата може да се проследи на следниов линк: https://www.zuhairmurad.com/en/couture-ss23

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.