По повод одбележувањето на Конференцијата за вода на ОН за 2023 година ( UN Water Conference 2023), дизајнерската агенција Publicis Groupe Benelux создаде повеќеконцептуални решенија који покажуваат како може да изгледа потрошувачката во свет со помалку вода.
Нарачана преку Министерството за надворешни работи на Холандија, иницијативата на Drop Store, спроведена од Publicis Groupe, има за цел да покаже како би можел да изгледа животот во иднина со малку или без вода.
Дизајнот содржи пакување со мали количества на храна и вода што ги рефлектира порциите и цените што во иднина може да станат реалност. Особено, доколку продолжи кризата со водата, во која моментално се две милијарди луѓе који живеат без безбедна вода за пиење.
Од ОН сакаа да ја шириме оваа порака на глобално ниво за луѓето да ја разберат вредноста на водата“, вели директорот на Publicis, Eduardo Marques.
Преку оваа визуелизација може да се видат сеопфатните ефекти на непристапноста и на загадувањето на водата. Видливи се и влијанијата на пошироките аспекти на синџирот на снабдувањето со храна, освен на самата вода.
Вода за пиење и чиста вода ќе има многу малку. Тоа е пораката. Луѓето треба да разберат дека ова ќе биде луксуз во иднина. Ублажувањето на овие проблеми ќе бара подобро зачувување на отпадните води и управување со водните ресурси, промени во исхраната ( како веганство) и спречување на загадувањето во заедничките извори на вода./М.М.