Се повеќе брендови – вклучително и компании од високата мода – се почесто ги користат придобивките од 3D печатењето во производство на обувки. Како главна причина се наведуваат брзината и агилноста околу развојот на производот и слободата во процесот на дизајнирањето што, со развојот технологијата, нудат многу можности околу персонализацијата и новите идеи. На годинешната недела на париската мода ( Paris Fashion Week) беа претставени неколку модели на принтани обувки, создадени од компании од високата мода.
Carlo на Dior
Моделите на француската модна куќа Dior на пистата ислегуваа во црни чрвли со врвки, со логото на Dior на табаните. Во процесот на создавањето, дизајнерите скенираа класични Dior Carlo чевли, за да создадат дигитална форма и текстура слична на мрежа. Во текот на 12 часа, чевелот бил 3Д печатен, а потоа полиран. Видеото објавено од брендот ги покажа чекорите вклучени во процесот. Тврдат дека 80 отсто од чевлите може да се рециклираат и повторно да се користат.
Puffer Boot на Rains и Zellerfeld
Во рамките на годинешното издание на Paris Fashion Week во аудиториумот на Théâtre du Châtelet, данскиот бренд Rains дебитираше со својот 3D-печатен чевел, кој беше произведен со германската компанија за обувки со 3D печатење Zellerfeld. Иако чевлите се гломазни и имаат обемна платформа, лесни се и флексибилни.
Дизајнирани се со цел да ја надополнат колекцијата на облека на брендот, во која доминираа големите пуфер јакни и обемни силуети.
Reebok и Botter патики
Холандскиот бренд Botter соработуваше со компанијата за спортска облека Reebok на создавање патики произведени со помош на напредни техники и HP Multi Jet Fusion 3D печатач.
За 15 дена секоја обувка целосно е направена од еден материјал. Се работи за термопластичен полиуретан (TPU), рачно обоен во бои кои Botter ги поврзува со Карипското Море.
Silkroad на Namesake
На ревијата на тајванскиот моден бренд Namesake претставени се чизми и потпетици со кожен горен дел и 3D-печатен ѓон произведен од Carbon – компанијата за технологија на 3D печатење.
Чевлите се комбинирани со спортски елементи како што се широки панталони и кошаркарски капи. Моделите носеа облека информирана од модата на Y2K – стилови кои беа популарни во раните 2000-ти./М.М.