На премиерата на Les Bonnes Étoiles, на годинешниот Филмски фестивал во Кан, манекенката Bella Hadid се појави во винтиџ фустан од колекцијата на Gucci, за есента 1996 година, во времето кога Tom Ford беше креативен директор на модната куќа. Овој исклучително редок фустан што Hadid го има носено од архивата на Gucci е само еден од повеќето во кои таа се појави во Кан, приклучувајќи се така на долгата листа познати кои се почесто за настапите на црвениот ќилим носат винтиџ облека.

Во James Veloria винтиџ продавницата посочуваат дека години наназад ѕвеџдите, порадни бројни поводи и исто толку причини, на јавни настапи имаат носено винтиџ облека но, сооглед на бројноста и обемот, може да се каже дека сега тоа е повеќе од тренд.


Истото мислење го има и Olivia Haroutounian, дилер на винтиџ облеката и студент на корпоративни комуникации на Универзитетот во Хјустон. На нејзината страница Depop има околу 30.000 следбеници кои се воодушевуваат на ретките парчиња од колекциите на Xuly.Bët, Hysteric Glamour и фустани од Tom Ford ерата на Gucci. За разлика од повеќето студенти кои бараат ретка дизајнерска облека, таа прави нејзината модна пасија да работи во нејзина корист, односно студиите да ги плаќа од приходите од продажбата на Depop./М.М.

You may also like

Comments are closed.