Ѕecond hand продавниците стануваат секојдневие: еколошката свест и ниските цени, инфлацијата, како и желбата да се пронајде посакувано парче облека, придонесоа вакви продавници да се отвораат буквално насекаде.

Но, една од нив, по многу нешта е различна. Jet Rag продавницата во Лос Анџелес работи како што работела децении наназад – не менувајќи се. Не ја менуваат ниту купувачите.
Секоја недела, во 10:45 часот, на паркингот на авенијата Ла Бреа во Лос Анџелес, започнува хаос.
Се изнесува тона облека во распродажба наречена „Dolla Make Me Holla“. Во моментот кога се отвора продавницат, на платото врз алиштата, буквално се фрлаат купувачите.


Се зграпчува се што може да се дофати и се носи на посебни места, претходно одредени како нивни, по должината на тротоарот. Следи молскавичен преглед на земеното, враќање на непотребното и повторно влегување во борба. Се додека платото не остане празно, а купувачите со нетрпение го прегледуваат купеното.
Се е со цена од по еден долар: винтиџ облека од седумдесетите, употребливи или неупотребливи маички од осумдесетите, комплети за сите сезони, дури и свечени фустани – се што може да се подведе под облека. За купувачкото стампедо најдобар показател е времето, некогаш покусо и од една минута, од почетокот на продажбата, до повторно чистото плато пред Jet Rag.
За редовните купувачи, а има и такви кои со години ја следат неделната распродажба, винтиџ облеката е пасија, но и вносен деловен потег.
За распродажбите не ретко се објавуваат слики на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, а некои од купувачите имаат и електронски продавници на кои винтиџ облеката ја продаваат далеку поскапо./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.