Винаријата Камник изминативе 15 години претставува синоним за автентичната македонска традиција на правење вино, чиј квалитет и посебност се препознаени и одликувани на најпрестижните светски вински натпревари. Последните две признанија се најновата потврда на тоа: Carménère 2019 на Винарија Камник доби златен медал на светски реномираниот International Wine Challenge 2021, каде што освои 95 поени и е единствен златен медал за македонско вино. Оценувачите го опишаа Carménère 2019 како ароматично, со ноти на црна слива, хербални тонови и зачински нишки на ванила и пиперка, свежо и со прекрасна завршница. Инаку, International Wine Challenge е признат како најригорозен, непристрасен и највлијателен годишен вински натпревар во светот.
Златен медал, исто така, доби и Winemakers Selection 2019 на Frankfurt International Wine Trophy 2021. Winemakers Selection 2019 e црвено суво вино добиено со фузија на врвни сорти грозје од сопствените насади на винaријата Камник – Vranec, Merlot и Carmenere. Се одликува со комплексна арома, истакнат овошно-зачински карактер којшто потсетува на зрела цреша, дополнет со дискретни ванилински поттонови.
Реномето на Frankfurt International Wine Trophy, е изградено врз специфичен и строг метод на оценување.
Винарија Камник пред само неколку месеци го лансираше Carménère 2019 како прво вино во земјата и регионот што е направено 100% од истоимената сорта грозје. Со својот изразено зачински вкус и чист состав, како и инстантниот успех на Carménère 2019, се открива Македонија како регион со извонреден потенцијал и за оваа сорта./М.М.