ВИВА Smoothie, вкусната и здрава овошна каша треба да ви биде секогаш на дофат на рака, а еве и зошто:
ВИВА Smoothie е без додадени шеќери, без вода, конзерванси и адитиви.
За ВИВА Smoothie се користи овошје селектирано со строги стандарди за квалитет што овозможува производство на вкусни и здрави овошни каши. Овошјата – јаболко, праска, капина, вишна, како и сочните домати се одбрани и откупени од македонско поднебје, преработени и пасирани во фабриката со најсовремена технологија. Задржувајќи ги сите природни витамини и минерали, ВИВА Smoothie е 100% природна овошна каша, без додадени шеќери, без вода, без конзерванси и без адитиви. Содржината на шеќер е исклучиво од самото овошје.


Практичното пакување на ВИВА Smoothie е дизајнирано да одговара на динамичниот животен стил на модерниот потрошувач. ВИВА Smoothie e брз To-Go оброк кој нуди максимална практичност и флексибилност, овозможувајќи заштеда на време и лесно прилагодување кон дневната рутина.
ВИВА Smoothie е идеален избор за сите кои се грижат за своето здравје и здравјето на своето семејство, особено за децата и здравите оброци кои ги носат на училиште.
ВИВА Smoothie е брз и едноставен начин за секојдневен внес на овошје, обезбедувајќи ги потребните нутриенти во секое време и во секој период од годината, за разлика од сезонските овошја кои се достапни само во одредени периоди.
Долгогодишната традиција на ВИВА во производство на висококвалитетни производи е основа на успехот, довербата и лојалноста кај потрошувачите од сите генерации. Компанијата веќе 30 години доследно се придржува кон високите стандарди за врвен квалитет, не отстапувајќи од потрагата да го понуди само најдоброто за своите потрошувачи./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.