Во колекцијаа на Валентино, наречена Le Progrès Paris – 3ème Arrondissement, наменета за пролетта 2022,сарторијалните силуети носат воздишка по едно минато време и женственост што плени. Кроевите се речиси класични, боите јасни и интензивни, со рачно везени детали. Модните додатоци на колекцијата, особено чевлите, се во стилот на седумдесетите.
Во колекцијата Le Progrès Paris 3ème Arrondissement, машкиот и женскиот гардеробер се спојуваат во боите и текстурите. Сето е за доживување на една романтична, речиси срамежливо невина париска пролет, велат од модната куќа./М.М.