Најпрепознатливиот и најчестиот начин да вклучите дигитален код во предмет или облека е да додадете QR-код на етикетата, на пример за нега и одржување, или, QR-код на посебна придружна етикета, во која пишува „скенирај ме“. Повеќето потрошувачи денес можат да го скенираат QR-код со мобилниот телефон, за дополнителни информации или услуги во пост продажбата, иако европските земји во оваа смисла се далеку назад зад азиските. Прашањето што останува и каде да се постави QR кодот за да не биде отстранет веднаш по купувањето. Можен одговор е да биде QR-код вткаен во ткаенина, како повеќето сегашни информации за одржувањето и за производителот. Но, ниту тоа не значи дека QR-кодот е поврзан со информациите што купувачот треба да ги скенираат и ќе се од полза.
Друга опција е некако да се искористи RFID (радиофреквентна идентификација), но тука е проблемот што оваа идентификација не е за клиентите. Се користи како обележувач за пакувања, за да се следат производите низ процесот на производството и складирањето – се до продавачот. Освен тоа, за RFID е потребен посебен читач, а ова ограничување значи дека потрошувачите без него не се во можност да го скенираат.
Во настојување дигиталните технолошки решенија да се вклучуваат во производите, идното законодавство, во информирањето на потрошувачите за производот и влијанието на облеката врз животната средина, брендовите ги разгледуваат сите расположливи опции.
Преку нивна употреба брендовите ќе можат подобро да ги разберат и потребите на своите клиенти, во пост продажбата: од промени во моделот до откуп и препродажба, што и сега се работи, но преку посебни програми на платформите на модните куќи.
Додека брендовите ги разгледуваат опциите за најоптималните и најисплатливи производи за дигитални активирачи, во азиските земји не само што масовно се користат дигиталните технолошки решенија, туку контактот го користат за промотивен простор на компаниите.
Паралелно, LVMH, Richemont’s Cartier и Prada SpA понудија blockchain солуција на нивните клиенти, кои бараат дополнителен доказ за автентичност на купените производи. Аура blockchain на купувачите луксузните производи, им овозможува и дополнителен комуникациски канал. Таквите сертификати веќе долго време постојат во индустријата, но репутацијата на блокчејн, како досега непоколеблива алатка, значи дека овој проект, наречен Aura блокчејн, може да работи подобро и да покрива повеќе подрачја битни за производителите./М.М.