Битолски јогурт и Битолско млеко четврта година со ред ја уживаат довербата на македонските потрошувачи и според истражувањето на агенцијата Инсајдер ИД најпознати брендови се за 2023 година во соодветните категории. Имено, двата бренда на Бимилк, застапени во ова истражување, се со најголема препознатливост кај потрошувачите, во споредба со сите брендови од категориите млеко и јогурт, присутни на македонскиот пазар, од домашни и странски производители.
Истражувањето е спроведено со 1 200 потрошувачи низ целата држава, со директно интервју. Опфатени се брендови од домашно и странско потекло, кои се поделени во 16 категории.


Брендовите на Битолска млекара се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач како резултат на долгогодишно искуство во производството, проследено со континуирано унапредување на квалитетот, подигнување на стандардите, модернизација на технолошките процеси и следење на потребите на потрошувачите.
Истражувањето на Инсајдер ИД за препознатливоста на брендовите меѓу македонските граѓани се спроведува четири години по ред, а континуитетот овозможува увид во потрошувачките навики како и приврзаност на потрошувачите кон квалитетот на производот./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.