Традиционалната новогодишна донација на пакетчиња од Бимилк и годинава ги израдува децата од социјално загрозените и ранливи категории од цела Македонија.
Новогодишните пакетчиња, направени со омилените производи на Бимилк се поделени на повеќе од 750 деца од социјални и згрижувачки центри од целата земја. Во донацијата се вклучени: Граѓанското здружение за унапредување на образованието кај ромската популација „Ирхом Топаана“, Црвен крст Битола, Институт за церебрална парализа – Битола, Здружението на граѓани Хоупгиверс, Ромското здружение Сумнал, Здружението за деца со посебни потреби Емануил плус, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Кохлеарно срце Велес, Дерја организација – Скопје, Аутизам ААМК, како и во СОС детско село.


Радоста и безгрижноста е тоа што е потребно за празниците во секој дом, а посебно за децата кои најмногу ја чувствуваат празничната атмосфера но и недостатоците. Живееме во време на економска нестабилност и грижата за децата од социјален ризик треба да нѝ биде приоритет, нашата општествена одговорност како компании да ја насочиме кон нив во секој момент, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во Бимилк по повод донацијата. Искрено се надевам дека како што Бимилк сѐ повеќе ја зголемува својата ангажираност околу подобрување на животните услови на децата и го проширува опсегот на тоа делување, така ќе се рашири и овој бран на споделување и придонес за празнична радост за децата од социјален ризик.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.