Третата колекција на британскиот дизајнер Maximilian Davis за италијанската модна куќа Ferragamo за пролет/лето 2024 година е пречекана како долго очекувано обновување и освежување на брендот. Во колекцијата од 64 изгледи особено внимание привлекува серијата на класични линии и отстранети ракави, како и машката облека.
Колекцијата делува како добро курирана плејлиста, која ги комбинира жанровите, а сепак одржува посебен ритам. Делува и како да е најден златен сооднос меѓу италијанскиот и карипскиот начин на живот.
Претставува и студија за контрасти, тема што дизајнерот ја позајмува од италијанското движење Арте Повера. Оваа уметничка форма, вкоренета во доцните 1960-ти, ги спојува природните елементи со индустриските материјали, издигнувајќи го секојдневното на монументално. Филозофијата на движењето Арте Повера е претопена во ткаенина: ленот и памукот се комбинирани со сатени или манипулирани да имитираат кожа, за скромните материјали да се издигнат до луксуз.
Дизајнерот го следи трендот: во женската како и во машката облека жешките панталони се неодминливи, иако изборот на инспирацијата оди повеќе кон 60-тите.
Машката колекција на Ferragamo како да е мастерклас за балансирање на спротивностите: од лежерното италијанско попладне и енергичната вечер на Карибите, до облека што е и безвременска и навремена. /М.М.
Колекцијата може да се види на следниов линк: https://www.ferragamo.com/en-mk/collections/ss24-show