Предводник на пратечката рекламна кампањата е холивуската актерка Gal Gadot, за која Alexandre Arnault, првиот човек на брендот, вели дека е многу повеќе од амбасадор на Tiffany & Co. Таа е олицетворение на гламур без напор, на чиста софистицираност и чувството за модерност, „BOTANICA е врвен израз на сè што претставува денес Tiffany & Co. Станува збор за почитување на нашето неверојатно наследство, иновирано за новата генерација“,истакнува Arnault, во официјалното обраќање.
Темите на колекцијата му оддаваат почит на еден од најплодните дизајнери на Tiffany , Jean Schlumberger, кој ја интерпретира природата низ безброј дизајни, притоа додавајќи им современ пресврт, за новата генерација вљубеници во накитот.
Фотографиите од кампањата претставуваат прекрасна минималистичка, опуштена естетика, дозволувајќи им на неверојатните креации од колекцијата да заземат централно место.
Трансформабилните дизајни, како што е ѓерданот инспириран од глуварче, имаат механизам што овозможува да се носи на пет различни начини преку два заменливи приврзоци.
Друго трансформабилно парче е брошот од орхидеи со платинести ливчиња од орхидеи, осветлени со мозаик од розови и брилијантни дијаманти, акцентирани со 18-каратно жолто злато./М.М.