Безвременскиот стил и вечната поврзаност се главните мотиви на Holiday колекцијата на H&M. Облеката блеска со елегантни кроеви, весели украси и свежи пресврти, кога се во прашање ретро деталите.
Holiday колекцијата, според соопштението, црпи инспирација од модата и елеганцијата на 60-тите и 70-тите години. Таа е особено инспирирана од високата мода од таа ера и без напор ја нагласува нејзината релевантност и денес. Има посебен фокус на силуетата: острите линии на party стилот од 60-тите, заедно со подолгите, гламурозни стилови на вечерната облека од 70-тите.
Минималистичките, софистицирани силуети на колекцијата се избалансирани со разигран пристап кон декорирањето. Црно-белиот изглед е нагласен со светки, машнички и украсен вез. Класичната кошула е украсена со кристали на манжетните, а смокингот со шорцеви е извезен со деко детали.
Модните додатоците потсетуваат на луксузниот стил од 60-тите – чантите и чевлите се украсени со mirror деко детали, кои црпат инспирација од естетиката на таа ера. Рамните чевли изгледаат совршено со мини фустани, нудејќи младешки, речиси момчешки изглед. Вечерните чанти завршуваат со издолжени кристални реси, кои додаваат драма и движење – совршени за танцување.
Машката колекцијата, како што се истакнува во соопштението, црпи инспирација од лежерниот, шармантен гламур од средината на минатиот век. Флуидни кошули и плисирани панталони одат рака под рака со светкави костуми.
За празниците во 2024 година, промовираме нов вид на елеганција, шармантна и весела, а сепак целосно модерна, вели Елиана Масгалос Дуарте, главен дизајнер на женската облека на H&M. Во современиот гардеробер го внесуваме возвишениот стил на високата мода од 60-тите и 70-тите години./М.М.
Колекцијата Holiday ќе биде достапна од седми ноември во одбрани продавници и на веб страницата hm.com.