Античките Римјани знаеле дека аспарагусот ја поттикнува сексуалната желба, па затоа го мешале сокот од овој зеленчук, во разни љубовни напивки. Иако не е многу популарен во нашата земја, тој се одгледува и се користи за разни намени (како храна, лек, или украс на букет) веќе неколку илјади години. Сигурно сте ги виделе зелените гранчиња во украсните букети: тоа е аспарагус.
Освен што е природен афродизијак , овој зеленчук, со своите бројни лековити својства, навистина може да биде добредојдена храна во нашата чинија. Дивиот аспарагус е и природен диуретик, го отстранува вишокот вода од телото, ја чисти крвта, го зајакнува имунитетот. Аспарагусот содржи калиум, цинк, железо, магнезиум, фосфор, калциум, витамини А, Б1, Б2, Б9, Ц, и Е.
- Аспарагинот го намалува крвниот притисок и го зајакнува срцето.
- Кумарините ја подобруваат состојбата на крвните садови и коагулацијата на крвта.
- Сапонините го подобруваат лачењето на жлездите, ја отстрануваат слузта од бронхиите.
- Каротените се превенција од карцином.
- Фолната киселина ја прави кожата убава, спречува опаѓање и појава на седа коса.
- Сокот од аспарагус помага да се елиминира едемот и брадавиците, спречува формирање на целулит.
Така, мајката природа навистина знае да биде наш сојузник и пријател. На пролет, кога организмите честопати се малку ослабени и уморни, ни нуди низа зелени растенија кои можат да ни помогнат да ја поправиме состојбата. Аспарагусот е секако еден од нив.
Зелениот аспарагус може да се најде во текот на целата година, белиот од март до јуни, додека виолетовиот е редок и со специфичен, горчлив вкус. Во процесот на готвење ја менува бојата во зелена.
Достапен е во продавниците, лесно се приготвува, а на интернетот можат да се најдат бројни рецепти за негова подготовка: од јадења за идните мајки, до разни менија со дејство на афродизијак./M.M.