Дизајнерката Johanna Ortiz, која последниов период живее и работи во Колумбија, инспирацијата за својата пред-есенска колекција за 2023 година побара на Андите. „Отсекогаш сме биле фокусирани на тропските предели и на Колумбија“, објасни Ortiz за Vogue, од нејзиното студио во Кали. „Оваа колекција започна [со размислување] за Инките и експлозијата на бои и пруги,во материјалите и во плетивата што ги имале нивните предци, и се обидовме да ги ставиме во сегашноста“.
Во колекцијата исполнета со риги и геометриски дезени доминираат нијанси на црвена, портокалова и чоколадно кафеава, покажувајќи ја страста на Ortiz пред се кон текстилот.
Инспирацијата од Андите беше евидентна во геометриските шари и извезените парчиња на блузите и јакните. Здолништата, кои Ortiz ги прави во различни должини, се клучниот елементи на колекцијата, како и геометриски извезените ремени, присутни безмалу на сите парчиња.
Ремените, заедно со другите украси со златни монети, помпони и мониста, се инспирирани од богатата традиција на занаети на Инките. Создадени се преку директна соработка на Ortiz со локалните заедници, какви што се здруженијата на жените од амазонска Eperara Siapidara и занаетчиите на Wounaan.
Ќе биде интересно да се види како купувачите ќе реагираат поради фактот дека Ortiz е позната по облеката за забави, со нејзиниот нов, пост-пандемски период, во кој доминира облека што носи белези од различни краишта од светот./М.М.