Септемвриското издание на американскиот магазин Vogue е посветено на супермоделките Christy Turlington, Cindy Crawford, Linda Evangelista и Naomi Campbell. Освен на насловната, снимена од фотографот Rafael Pavarotti, на ѕвездите на модните писти на 90-те им е посветена и темата на септемврискиот број на магазинот. Повод за вниманието е документарниот филм што се снима во четири продолженија на Apple TV+, насловен како The Super Models, кој ќе има глобална премиера на 20 септември 2023 година.
Документарецот е во продукција на Imagine Documentaries и One Story Up, а во режија на добитникот на Оскар, Roger Ross Williams и на Larissa Bills, кои ги пренесуваат фасцинантните животни стории на моделите који оставија силен впечаток во индустријата.
Супер моделите ќе не пренесат во 1980-тите, клучна ера во која овие четири неверојатни жени од целиот свет се собраа во Њујорк. Веќе моќни како личности, своето кумулативно влијание го проширија многу подалеку од светот на модата. Имињата на Naomi, Cindy, Linda и Christy се кренаа на нивото на славните дизајнери за кои работеа.
Овие четири супермоделки сè уште се на патеките на културата и во деловниот свет, ангажирани во активизам, филантропија и бизнис. Како што еволуира модниот биснис и ги редефинира улогите за жените, нивната приказна станува и патоказ за оние кои би ги следеле./М.М.