ВестиКултура на живеење

Аватар креатори – ново во кинескиот дел од метаверзумот

Во метаверзумот, генерацијата родена пред две децении (Gen Z ) во Кина посакува индивидуализација за своите аватари. Така, според пишувањето на Jing Daily е создадена нова професија – дизајнер на ликови на аватари.

Со новата професија во Кина со која можат да се заработат и до 6000 евра месечно, се креираат и персонифицираат аватари.
Луѓето поминуваат се повеќе време во виртуелните светови, па стана битно и како изгледаат аватарите, коментираат од медиумот.


Посетителите на метаверзумот сега се опремени со широк спектар на алатки за да го усовршат изгледот на ликот во согласност со нивната сопствена естетика. Тешко е да се одбере она вистинското во огромниот обем на можности, со стотици опции за промена, како што се обликот, големината и положбата на секоја црта на лицето. И додека богатството на параметри е главоболка за некого – за други е можност да профитираат.

Пребарувањето за обликувачи на аватари открива многу огласи, кои се движат од 3 долари (20 RMB) до 150 долари (1.000 RMB) по парче, со опции слични на познати личности кои чинат до 300 долари (2.000 RMB) . Дизајните може да се копираат и користат во која било игра. Пример за популарноста на приспособените виртуелни аватари може да се најде на Soul, социјална платформа заснована на аватари, која може да се пофали со 31,6 милиони корисници месечно.

Како естетската хирургија и луксузната облека, кинезите ја сакаат и убавина во виртуелниот свет. Според податоците на JD.com, ова е особено изразено кај Gen Z, чии купувања во играта се значително повисоки од другите. Во тие рамки Веб3 е признаен како економија на креаторите, а тоа претставува значителна финансиска можност за дигиталните уметници./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.