Јелена Томашевиќ за песната „Јутро„ на годинашниот „Охрид фест“ го добива признанието Песна за сите времиња. Го помина тестот на времето, ни се врежа во срцата и еве ја – трае речиси 20 години. Пеачката, која е често присутна на македонската музичка сцена и е нејзин миленик, за веста за наградата и за асоцијациите за песната „Јутро“вели:
Му благодарам на „Охрид фест“ за оваа награда! „Јутро“ е мојата музичка лична карта и драго и е што е прогласена за песна за сите времиња, бидејќи навистина е антологиска. Секако таа му припаѓа и на Жељко Јосимовиќ, кој ја компонираше и го направи аранжманот, но и на Александра Милутиновиќ, која го напиша текстот. Благодарна сум и на публиката која ме сака, поддржува и слуша сите овие години./M.M.
More in:Вести
„Фестивал на чај“, од 14 до 17 ноември, во Скопје Сити Мол
Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје ...
Trump и модната индустрија
Враќањето на Trump на власт за модната индустрија отвора нови перспективи но и предизвици. Donald ...
Wolt наскоро во Македонија
Wolt, иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 ...
Hello Kitty го прославува 50-от роденден
Hello Kitty, еден од најпрепознатливите ликови на поп-културата, прослави пет децении постоење. Слаткото девојче од ...