
Ако сакате да се засладите со неодоливо нежни и кремасти десерти, тогаш шненоклите се идеален избор! Овој класичен и лесен рецепт ќе ви понуди вистинско задоволство за непцето, а подготовката е едноставна и брза.
Состојки:
- 500 мл млеко
- 2 јајца
- 4 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажици бело брашно
Подготовка:
- Во 500 мл млеко, додадете ванилин шеќер и 2 лажици шеќер, па оставете да проврие.
- Изматете 2 белки со прстофат сол, додека не добиете цврст снег.
- Кога млекото ќе почне да врие, користете лажица да формирате мали делчиња од белката и внимателно ставете ги во врелото млеко. Варете ги кратко, околу 30 секунди, па превртете ги на другата страна.
- Кога ќе се зголемат, внимателно извадете ги со лажица со дупчиња и пренесете ги во длабок сад.
- За кремот, изматете 2 жолчки со 2 лажици шеќер, потоа додадете 1 полна лажица брашно измешајте да стане глатка смеса без грутки, ако е многу густа додадете малку вода. Постепено додадете ја течната смеса во садот со млеко на умерена температура, мешајќи постојано додека кремот не се згусне.
- Прелевањето на кремот врз шненоклите е последниот чекор! Оставете го десертот да се олади, а потоа уживајте во нежната сатенска текстура и ванила вкусот.
На здравје сладење!