Bobe's bakery

Шакшука е лесен, здрав и нутритивен појадок со потекло од Блискиот Исток.

Вкусот и состојките потсетуваат  на летната манџа но сепак не се исти. Шакшука станува многу популарен рецепт поради лената подготовка и, впечатливот вкус. Постојат многу рецепти и варијации – ние ќе го  споделиме нашиот, проверен рецепт, што, веруваме, ќе ви се допадне.

Bobe’s bakery

Состојки:

  • Кромид
  • 800г. доматен сос
  • црвена пиперка
  • три  лукчиња
  • две лажици доматно пире
  • лажица шеќер
  • сол по желба
  • бибер
  • пет јајца
  • магдонос

Подготовка: Во тава на масло се пропржува кромидот, па се додава пиперката исечкана на коцки и лукчињата. Потоа се додава доматно пире и доматниот сос,  шеќерот, солта, биберот, и се остава десетина минути да крчка и да се згусне.

Потоа со лажица се прават пет длабнатинки во доматниот сос, и во секоја се става јајце. Се поклопува со капак и се остава  на оган уште десетина минути. Кога е готово, се тргнува од огнот. Пред да се послужи се додава сечкан магданос.

Наздравје!/Б.Б.

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

 

ММ кујна

Чиа пудинг

Започнете го денот со перфектен, вкусен и хранлив појадок што подолго време ќе ве држи ...

You may also like

Comments are closed.