Откријте ја магијата на  полнети јаболкаТуфахии! Замислете сочни, варени јаболка, полнети со мешавина од карамелизирани ореви и зачинети со освежувачки шмек од каранфилче.

Потребни состојки:

6 јаболка, излупени, извадена средина и семките,
7-8 каранфилчиња,
150 гр. мелени ореви,
голема лажица путер,
150 мл. врело млеко,
700 гр. бел шеќер/ браон шеќер.

Подготовка:

Првин се подготвува филот. Ставаме 300 гр. шеќер во тенџере, на средна температура, за да карамелизира. На карамелот му додадаваме  една голема лажица путер и 150 мл. врело млеко. Потоа се додаваат мелените ореви да повријат 5 минути, го тргаме филот од оган и го оставаме да се олади.

Во длабок сад подготвуваме шербет:  400 гр. шеќер, 800 мл. вода и 10 каранфилчињата да зовријат. Во шербетот се варат излупените и исчистени од семки (издлабена средината) јаболката  6-7 минути да вријат од едната, па потоа од другата страна уште 6-7 минути. Се вадат со цедалка и се оставаат да се оладат. Во средината јаболката се полнат со оладениот фил, а најгоре се декорира со матена слатка павлака и мелени ореви.

Се чуваат во фрижидер. На здравје сладење!/Б.Б.

You may also like

Comments are closed.