Униформите на Team USA за ЗОИ 2026 ги создаде модната куќа Ralph Lauren
Американскиот бренд Ralph Lauren ги претстави униформите за свеченото отворање и затворање на Milano Cor5na 2026 – на олимписките и параолимписките зимски игри што започнуваат на 6 февруари.
Ова е десетто учество на брендот во опремувањето на Team USA. За отворањето, спортистите ќе
носат бели капути од волнa со традиционални дрвени токи, додека за затворањето концептот е
инспириран од винтиџ зимската естетика.

Освен униформите, Team USA клекцијата на Ralph Lauren ќе се најде и во одбрани продавници во
САД, Милано, Рим како и во pop-up дуќаните во Кортина. Во кампањата за претставување на
колекцијата ангажирани се олимписки и параолимписки спортисти.
На ЗОИ 2026 своја улога ќе имаат и други модни брендови, меѓу кои Ben Sherman (Team GB),
Lululemon (Team Canada) и Moncler, како партнер на Бразилскиот олимписки комитет.
/М.М.
Фотографии: Ralph Lauren




















