Британскиот Vogue во своето јануарско издание ја донесува приказната за стилот на Iman и David Bowie, који станаа познати како пар во раните 90-те кога во модните кругови добија статус на модни легенди.
„Никогаш не ме претставуваше велејќи: запознајте ја мојата сопруга, туку – запознајте ја Iman, мојата сопруга. Значи дека двајцата веќе имавме своји идентитети. Бевме одвоени, но заедно, раскажува супермоделот за Vogue, за нивниот заеднички живот.
Без разлика дали се во тексас комплети во Њујорк, или, на црвениот ќилим на Met Gala, Iman и David имаа стил кој никогаш не бил ништо друго освен инспиративен.
Iman Mohamed Abdulmajid е супермодел, актерка и претприемач родум од Сомалија. Беше муза
на најславните модни дизајнери како: Gianni Versace, Thierry Mugler, Calvin Klein, Donna Karan, како и на Yves Saint Laurent. За нејзината филантропска работа јавноста дозна најмногу откако се омажи за музичарот David Bowie, со кого беше од 1992, до неговата смрт во 2016 година.
Добитничка е на повеќе награди и признанија меѓу кои се: Franca Sozzani, The BET Honors Service, како и Glamour Woman of the Year.
Неодамна изјави дека доколку има задгробен живот, таа би сакала повторно него да го види. „Тоа е оној што го сакам“.
Подолу, погледнете некои од нивните незаборавни стилски моменти./М.М.