Слатките, сочни сливи се за жал потценето овошје. Неправедно потценето, доколку се дознае за сите неверојатни здравствени придобивки што доаѓаат со нив. Јадењето сливи, дури и сушени се поврзува со повеќе практично непознати ефекти на ова овошје.

Еве зошто треба да земете неколку сливи следниот пат кога ќе бидете на пазарот пред да заврши летото, а и во текот на есента. Сувите сливи обидете се да ги користите во текот на целата година. Еве и зошто:

  • Сливите – заштита на вашето срце

Јадењето храна богата со овошје и зеленчук може да помогне во намалување на крвниот притисок благодарение на нивните антиоксиданси, а јадењето сливи (суви сливи) посебно може да биде од корист за хипертензијата во вашето тело. Според клиничката студија објавена во списанието  Ayub Medical College јадењето сливи е поврзано со намалување на крвниот притисок, па дури и поврзано со намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта. Со оглед на тоа што овие два здравствени проблема се поврзани со поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања, намалувањето на крвниот притисок и ЛДЛ холестеролот ќе обезбедат и здраво срце.

  • Сливи против анти-воспалителните процеси

Кога сме веќе кај антиоксидансите, сливите се полни со нив. Една студија објавена од списанието Food & Function откри дека полифенолите во сувите сливи се моќни антиинфламаторни и антиоксидативни агенси. Полифенолите се моќни антиоксиданси кои можат да помогнат во борбата против слободните радикали во вашето тело, намалувајќи го оксидативниот стрес и ризикот од развој на хронични болести.

  • Сливите можат да помогнат во контролата на шеќерот во крвта

Сувите сливи се поврзани со зголемено чувство на ситост, што, пак, може да го намали внесот на храна. Намаленото внесување храна може да помогне да се контролираат болестите поврзани со тежината, како што се дебелината, дијабетесот и кардиоваскуларни проблеми. Ова потенцијално може да се поврзе со фактот дека сливите не предизвикуваат нагло зголемување на шеќерот во крвта и ослободување на инсулин во телото, што имаат тенденција да бидат фактори кои предизвикуваат такви болести.

  • Сливите може да ја зајакнат меморијата

Антиоксидансите не се единствената придобивка од јадење сливи. Според прегледот објавен од Phytotherapy Research, сливите исто така имаат карактеристики за подобрување на меморијата. Во прегледот беа разгледани 73 статии, вклучувајќи 25 студии на луѓе, и се покажа дека сливите се поврзани со подобрена когнитивна функција. Студијата појаснува дека исушените верзии на сливи се користеле повеќе од свежо овошје во испитувањата врз луѓето, така што ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се потврдат ваквите тврдења. Сепак, сливите се богати со антоцијани – еден вид антиоксиданс во групата флавоноиди кои на храната и даваат сини, црвени или виолетови пигменти (како боровинки). Според Journal of Biomedicine and Biotechnology, антоцијаните се заслужни за подобрување на когнитивните перформанси.

  • Сливите може да го подобрат здравјето на коските

Според Ageing Research Reviews и тримесечно клиничко испитување, консумирањето суви сливи може да има позитивни ефекти врз густината на коските. Студиите покажаа дека во некои случаи сушените сливи помогнале да се запре губењето на густината на коскената маса. Ова е особено важно затоа што со годините  коскена маса се намалува предизвикувајќи зголемен ризик за развој на остеопороза.

  • Сливите може да помогнат при опсипација

Ова веројатно не е толку за изненадување како другите, но сепак е подеднакво важно. Сливите се плодови поврзани со ублажување на опсипација. Сливите содржат сорбитол, фруктоза, влакна и фитохемикалии, кои можат да помогнат при ублажување на опсипацијата./М.М.

You may also like

Comments are closed.