![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/07/dolce-and-gabbana-leto.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
DGCarretto е најновото надополнување на иконската DolceGabbana DNA со добро познатата сицилијанска приказна. Летото е уште поинтензивно со Carretto принтовите и модните додатоци од тој опус, што со години мами, опчинува и маѓепсува со својата оригиналност, неповторливите композиции на бои, со нивната блескава силина, токму како и сонцето на Сицилија.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/07/dolce-and-gabbana-leto-2016-1.jpg?resize=750%2C400&ssl=1)
Dolce&Gabbana
Dolce&Gabbana повторно го покажа сиот свој сјај, што го прави еден од иконските симболи на естетиката. Моделите богати со детали од Сицилија, со украси во облеката и модните додатоци носат со себе безвременски приказни од југот. Информациите со новите изгледи се преставени и на сајтот на брендот, како и на социјалните мрежи.
Оваа тема за Dolce&Gabbana не е нова: брендот ја одбра и за преставувањето на Expo Shanghai, во 2019 година, како и за својата летна колекција за 2016 година. На прашањето зошто токму Сицилија, од брендот посочуваат дека таа има вековна историја и дека уште може да го заштититува античкиот и хетероген вкус на културата на островот.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/07/dolce-and-gabbana-leto-2016.jpg?resize=731%2C1024&ssl=1)
Dolce&Gabbana
Во преставувањето на летната колекција на Dolce&Gabbana за 2016 година се посочува:„ Сè што е во оваа колекција ја слави Сицилија и нејзината култура, историјата и уметноста: цветните мотиви, сицилијанските колички, куклениот театар – огнометот на енергии што живее во прекрасните, прекумерни и наелектризирани креации. Ново време, нови кроеви, комбинани со изгледи од 70-тите„, заклучуваат од Dolce&Gabbana, свесни дека тука некаде треба да се бара и вошебниот клуч на долгогодишниот успех./М.М.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/07/dolce-gabbana-730x411-1.jpg?resize=730%2C411&ssl=1)
Dolce&Gabbana