![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2022/11/BeautyPlus_20221105130802221_org.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Сардина (Sardine) е името на новата чанта на модната куќа Bottega Veneta, добиено по металната рачка во форма на риба.
Sardine е дел од колекцијата на модни додатоци, наменета за оваа есен, но и прва на дизајнерот Matthieu Blazy за познатата италијанска модна куќа.
Sardine се издвојува по својата необична, скулптурална рачка и начинот на нејзиното врзување.
Станува збор за мала торбичка од интрекциато кожа, со метална рачка, без прегради и со магнетно затворање.
Металната рачка претставува занаетчиска изработка и прикажува нијанси и врежани ознаки на рибата, што го прават секое парче уникатно.
Годинава сите очи беа вперени во модните додатоци на првото шоу на Matthieu Blazy за есен/зима 2022 година, за Bottega Veneta. Парискиот дизајнер воведе нова палета на чанти реализирани во препознатливото ткаење, како и по врзувањата, наместо конвенционални рачки.
За есенва дизајнерот претстави повеќе боји – „горчлива чоколада“, „бароло“ и „креда“ – и додаде црна, тегет и лимон жолта, во линијата за пролет/лето 2023 година./М.М.