Мода вестиМоден мозаик

Росица Мршиќ, со“Dreamy passage” колекцијата, специјален гостин на “Festivalul de Moda” во Романија

Росица Мршиќ

Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави својата најнова колекција “Dreamy passage” на “Festivalul de Moda” во Крајова, Романија. На 16 тото издание на модниот фестивал, дизајнерската беше поканета како специјален интернационален гостин на настанот од Македонија. Секоја година организаторите канат по еден интернационален гостин дизајнер претставник на различна земја, а до сега на фестивалот учествувале реномирани дизајнерски имиња како: Agatha Ruiz de la Prada, Christophe Guillarme, Kim Bernardin, Ksenija Vrbanic, Rianne de Witte, Louis de Gama, Tata Christiane, Susana Bettencourt…

Росица Мршиќ

Брендот Росица Мршиќ е основан во 2009 годината, и досега бил присутен на разни модни настани и во концептуални бутици локално и интернационално како: Њу Јорк, Софија, Виена, Цирих, Лозана, Минхен, Дубаи, Белград, Љубљана, како и изложен во познатата американска стоковна куќа “Macy’s” во Њујорк. Дизајнерката е наградувана со неколку модни награди до сега: ‘Wearable Art’ во модниот дизајн за модна колекција пролет/ лето 2019 на BIG SEE Festival, во Љубљана, Словенија, најдобра модна колекција во рамки на Моден Викенд Скопје 2013, и награди за најдобра колекција и ‘Dress of the 21st Century’ во Бугарија и Амстердам, Холандија./М.М.

Росица Мршиќ

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.