Свежо и женствено, помеѓу фантазијата и реалноста, како што се истакнува во соопштението на Chanel, колекцијата на висока мода за пролет-лето 2022 година, дизајнирана од Virginie Viard, е одраз на етерична леснотија. Светлите, радосни силуети, лебдат среде геометриски структури во графички амбиент, создаден од Xavier Veilhan. Декорот што доловува силуети на коњи и конструктивни линии е во контраст со воздушните модели, нежните везови и прекрасните цветови.

Од пристигнувањето на Charlotte Casiraghi, амбасадорката на брендот и внуката на Грејс Кели, на коњ, со што е отворена модната ревија, до финалето со фустанот на невестаа, дизајнерот Virginie Viard раскажува приказна за креативноста посветена на магијата на високата мода.

Отелотворувајќи ја хармонијата помеѓу коњот и јавачот, амбасадорката на брендот носи црна твидска јакна, јавајќи низ пистата на коњ во краткиот филм на Xavier Veilhan, претставена со конструктивистички мотиви. https://www.Chanel .com/hr/haute-couture/spring-summer-2022/

Како долгогодишна десна рака на Karl Lagerfeld, Virginie Viard одлично го зборува јазикот на Lagerfeld – а со тоа и јазикот на Chanel. Нејзината страст за уметноста и дизајнот од 1920-тите се рефлектира во оваа лесна колекција преку проѕирни шифон наметки, во комбинација со пердуви и долги здолништа со реси./М.М.

 

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.