Шпанскиот дизајнер на обувки Pedro Garcia и неговиот партнер и колега креативен директор Dale Dubovich носат различна но силна енергија во создавањето, со цел натамошно проширување на брендот кој сега е присутен во 40 земји и на интернет. Нивните бестселери, како што се Albany и Parson, присутни и во најновата есенско-зимска колекција на обувки, која го издржаа тестот на времето.

Сите чевли на брендот се направени во сопствената фабрика, лоцирана во Елда, во медитеранскиот регион Аликанте, каде што пред речиси еден век е основана фирмата.
„За нас дизајнот е како да решаваме проблеми“, вели Pedro García, кој заедно со партнертнерката Dale Dubovich, се креативни директори на брендот Pedro García.
Брендот е семејна компанија: братот и сестрата Mila и Pedro García се третата генерација што ја водат фирмата. Тие го превзедоа управувањето од нивниот татко, кој исто така се викаше Pedro García , како и нивниот дедо, кој ја основаше фирмата во 1925 година./М.М.

You may also like

Comments are closed.