Од 1984 година, кога за прв пат е направена, Birking ташната е создавана во бројни варијанти, од различни видови кожа, со различен квалитет и облик на копчиња, но цената и вредноста на овој моден додаток е постојано зголемувана. Приказната за Birking чантата ја раскажува и Hermes на својот сајт https://www.hermes.com/us/en/story/106191-birkin/
Birking чантите се нарачуваат во Hermes, се чекаат по неколку месеци, а цените достигнуваат се повеќе илјадници евра, фунти или долари . Токму затоа, Birking ташната е едновремено ексклузивен моден додаток и вносна инвестиција.
Така е и сега: за тоа колку оваа чанта е инвестиција можеби најдобро се види во примерот на аукциската куќа Ѕotheby’s која во својата електронска продавница ги продава користените Birking чанти. Во моментов се продаваат 15 Birking чанти, изработени во последниве десетина години, чии цени се движат од 18.000 до 75.000 американски долари. Сите чанти се детално опишани, а освен годината на изработка, наведена е и состојбата во која се наоѓаат, затоа што се работи за користени Birking торби.
Со оглед на цените со кои настапува аукциската куќа, продажбата на Birking ташната е повеќе од вносна инвестиција со која овие чанти стануваат вредни колекционерски примероци./М.М.
https://www.sothebys.com/en/buy/handbags/birkin

 

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.