Со надеж дека ќе го подигнат духот поради пандемијата и изолациите, и дизајнерите и купувачите побараа нешто поинакво, нешто ново за почетокот на 2022 година.

Секси облека!
Машката облека најчесто е или конзервативна или отворено разиграна – до кич! Многу е тешко да се најде вистинска – секси машка облека! Дизајнерите на машка облека како да почнаа да ја прифаќаат идејата: има неколку етикети кои се пионери на новото движење во просторот за машка облека, произведувајќи облека што го прикажува телото преку сензуални силуети.


Уредниците на Vogue направија избор на секси облека за мажи – тренд со кој почнува 2022 година.
Повторно, мотивот за овој тренд треба да се бара во времето на пандемијата и долгите фрустрирачки затворања во кои тренерките ги менуваа пижамите, за се повторно да се повторува.

Се разбира, овој тип на изглед постои веќе некое време, особено на сцената (David Bowie и Mick Jagger биле очигледни пионери ). Но, изгледот како да добива на сила оваа година, можеби како одговор на лежерното, и опуштено облекување во последните две години.

Пролетните писти 2022 година во Saint Laurent, GmbH и Palomo Spain го направија случајот да се биде во кожа – на овие тесни,  секси машки парчиња всушност можат полесно да се купат од кога било досега. Меѓу таквите нови етикети се Utierre, со седиште во Лос Анџелес, како и Ludovic de Sain Sernin, кои го совладуват секси изгледот./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.